Концерт на AMPLIDYNE EFFECT TRIO, специјална гостинка е Добрила Грашеска

Концерт на AMPLIDYNE EFFECT TRIO, специјална гостинка е Добрила Грашеска

пред 5 часа

Amplidyne Effect Trio е концертна поставка на проектот Amplidyne Effect на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година и препознатлив по својот амбиентален, електронски и импровизациски звук. Проектот има објавено повеќе изданија и настапувано на фестивали како Pohoda Festival, Десонанз, Live Soundtrack, PNEM Sound Art Festival и други.

Во трио форматот, Amplidyne Effect се претставува заедно со Владимир Мартиновски (тамбура, кавал, удиралки) и Соња Димитриоска (флејта), создавајќи слоевит звучен пејзаж во кој амбиенталните текстури и електронските елементи се преплетуваат во слободна форма.

Специјална гостинка на концертот е Добрила Грашеска, македонска вокалистка и авторка активна од 2006 година, препознатлива по работата со Чалгија Саунд Систем и Добрила и Дориан Дуо. Ова е нивен втор заеднички концерт, продолжување на една искрена и природна музичка соработка која органски се развива низ импровизација и заеднички звук. Добрила има објавено неколку албуми (Чалгија Саунд Систем, ТИХУВАЈ, Апокриф, Пиле шарено), а два нови проекти се во подготовка. Настапувала на фестивали како Rudolstadt, Sfinks, Colour Meeting Festival, Festival Aux heures d’été, Etnosoi!, Sarajevo Jazz, Offest, и има соработувано со бројни регионални и меѓународни автори, како и на музика за филм, театар и мултимедија.

„Концертот е целосно импровизиран, со фокус на моменталната интеракција, звучната текстура и спонтаното градење на музичката атмосфера. Ќе се одржи на 28 Февруари 2026, во социјален центар Дуња, Скопје со почеток во 20:30 часот.

Share
Scroll to Top