Линдзи Вон се јави по шест часовната операција, објави рендгенски снимки од ногата

Линдзи Вон се јави по шест часовната операција, објави рендгенски снимки од ногата

пред 3 часа

Американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон (41) објави рендгенски снимки од нејзината нога по последната операција, која траеше шест часа. Да ве потсетиме, пред 12 дена таа доживеа тежок пад и комплексна фрактура на ногата по само 13 секунди од трката во спуст на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

По падот, проследен со вресок од болка, Вон беше префрлена со хеликоптер во болница, каде што беше подложена на четири операции. Тоа беше крајот на нејзиниот настап на Игрите, а веројатно и на нејзината кариера.

Вон, кој пред неколку дена се врати во САД, откри дека сè уште се опоравува во болница откако ѝ беа вметнати бројни плочи и завртки во ногата.

Таа се здоби со сериозна повреда само една недела откако претрпе руптура на предниот вкрстен лигамент на трка од Светскиот куп, во Кран Монтана, но сепак одлучи да се натпреварува на ЗОИ.

„Како што можете да видите, беа потребни многу плочи и завртки за да се состави сè повторно, но д-р Хакет направи неверојатна работа. Со оглед на сериозноста на повредата, закрепнувањето од операцијата е малку потешко и сè уште не сум излегла од болница… Но, блиску сум. Чекор по чекор. Наскоро ќе навлезам во повеќе детали за повредата и што значи сето тоа.“

Заедно со објавата, таа прикачи две рендгенски снимки на кои се гледаат најмалку 20 плочки и завртки вградени во нејзината нога. Таа исто така сподели видео снимено на пат кон операционата сала и фотографија од неа како одмара во болнички кревет.

Вон е олимписки шампион во спуст на Игрите во Ванкувер во 2010 година, а освои злато во истата дисциплина на Игрите во Пјонгчанг во 2018 година. Американката освои 20 кристални глобуси во Светскиот куп: 8 во спуст, 5 во супер-велесламо, 3 во комбинација и 4 Гоеми кристални глобуси за вкупна победа во Светскиот куп.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top