(Видео) Бостон Селтикс му ја расипаа журката на Пет Рајли во Лос Анџелес

(Видео) Бостон Селтикс му ја расипаа журката на Пет Рајли во Лос Анџелес

пред 4 часа

Бостон Селтикс ги победија Лејкерси во Лос Анџелес во можеби најголемиот НБА класик, дуел меѓу децениските ривали. Бостон беше убедлив со 111:89 во арената „Крипто Ком“.

Бостон речиси и да немаше проблем да го контролира целиот натпревар против големиот ривал. Во второто полувреме направи сериозна двоцифрена разлика и немаше индикации дека ќе ја испушти.

Тимот го предводеа Џејлен Браун со 32 и Пејтон Причард со 30 поени. Пејтон имаше шест тројки и осум асистенции. Никола Вучевиќ постигна девет поени.

Лејкерси, шутираа под 40 проценти од поле. Лука Дончиќ имаше 25 поени, Леброн Џејмс 20, а ова беше само 12-ти пат во сезоната да играат заедно со Остин Ривс.

Пред натпреварот, легендарниот тренер Пет Рајли доби големо признание од франшизата од Лос Анџелес Лејкерс, Пред арената, беше откриена бронзена статуа, висока речиси два и пол метри и тешка повеќе од 230 килограми, е поставена помеѓу легендите Ервин Меџик Џонсон и Карим Абдул-Џабар, симболично прикажувајќи го Рајли како клучна фигура на познатата генерација „Шоутајм“.

Share
Scroll to Top