Нормализиран сообраќајот по одронот на патот Катланово – Велес

Нормализиран сообраќајот по одронот на патот Катланово – Велес

пред 4 часа

Од 10:30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Нормализиран сообраќајот по одронот на патот Катланово – Велес е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top