(Видео) Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во САД

(Видео) Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во САД

пред 4 часа

Општински работник во Охајо останал шокиран кога пронашол човек како се крие во корпа за отпадоци додека си ја вршел работата. Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајна контрола, објавува „Еуроњуз“.

Видео снимено од полициска камера на автомобилот го покажува човекот како скока од корпата и бега.

Полицајците веднаш тргнале за потера, а бегалецот ги изгубил чевлите додека бегал.

„Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, се вели во соопштението на полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

Текстот (Видео) Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top