(Видео) Детроит ја надигра Оклахома – Писотнс сега се лидери во НБА лигата

(Видео) Детроит ја надигра Оклахома – Писотнс сега се лидери во НБА лигата

пред 4 часа

Кошаркарите на Детроит Пистонс остварија важна победа во дуелот на конференциските лидери, на домашен терен ги победија Оклахома Сити Тандерс со резултат 124:116.

Во центарот на вниманието беше расположениот Џејлен Дурен, кој доминираше под обрачите со 29 поени и 15 скока, додека Кејд Канингем забележа дабл-дабл учинок од 29 поени и 13 асистенции. Детроит, лидер на Истокот има скор од 43 победи и 14 порази.

Со оваа победа, Детроит стигна до својата шеста победа во последните седум натпревари.

Гостите од Оклахома влегоа во натпреварот значително ослабени. Пет од шесте водечки стрелци: Шеј Гилџес-Александер, Ајзеа Хартенштајн, Чет Холмгрен, Еј Џеј Мичел и Џејлен Вилијамс, не беа во поставата.

Единствениот од таа група кој го започна натпреварот беше Ајзеа Џо, но поради повреда на колкот, тој го напушти паркетот веќе на полувремето.

Тоа отвори простор за другите, а Џејлин Вилијамс го одигра најдобриот меч во кариерата со 30 поени, додека Кејсон Волас додаде 23.

Сепак, дури ни тоа не беше доволно за да се избегне 15-от пораз во сезоната (45-15), иако актуелниот шампион претходно победи на пет од шесте натпревари.

Клучниот момент се случи во средината на последниот дел. Тандер дојдоа на 108:105 на малку повеќе од пет минути до крајот, но Детроит возврати на спектакуларен начин.

По дури четири офанзивни скока во истиот напад, Џавонте Грин погоди тројка со која ја го одби налетот на гостите.

До крајот на натпреварот, Пистонс ја задржаа предноста и потврдија дека се во одлична форма, додека Оклахома ќе мора да почека да се вратат повредените играчи.

НБА, резултати:

Детроит – Оклахома 124:116
Мемфис – Голден Стејт 112:133
Торонто – Сан Антонио 107:110
Хјустон – Сакраменто 97:128
Милвоки – Кливленд 118:116
Денвер – Бостон 103:84

Share
Scroll to Top