(Видео) Ремито во „Олд Фирм“ се слави во Единбург

(Видео) Ремито во „Олд Фирм“ се слави во Единбург

пред 7 часа

Спектакуларното издание на 450-то „Олд Фирм“, најжестокото соперништво во шкотскиот фудбал, најмногу им „легна“ на навивачите на Хартс, чиј тим се зацврсти на првата позиција. Ренџерс и Селтик ремизираа 2:2 (2:0)

Дербито во Глазгов започна со спектакуларен гол во осмата минута, а 21-годишниот португалски напаѓач Јусеф Шермити им донесе водство на „сините“ со ножички.

Напаѓачот висок 192 см не застана тука, ја зголеми предноста на тимот на германскиот тренер Дани Рел, поранешниот менаџер на Шефилд Венздеј. Тој го казни грешките во одбраната на Селтик и елегантно го совлада финскиот голман Вилијам Синисал.

Тимот на славниот 74-годишен, Мартин О’Нил ја смени играта во второто полувреме, а стандардниот репрезентативец на Шкотска и поранешен дефанзивец на Арсенал, Киран Тирни, ја намали разликата по асистенцијата на Швеѓанецот Бенџамин Нигрен во 56-та минута.

Иако гостите ја презедоа целосната иницијатива во остатокот од натпреварот, не можеа да го матираат англискиот голман Џек Батланд. Голманот на Ренџерс го заврши натпреварот со пет одбрани и дефинитивно е најзаслужен за тоа што неговиот тим избегна пораз.

Сепак, 90-та минута, Селтик доби пенал, бидејќи десниот бек Дужон Стерлинг, играше со рака. .

Јапонецот Рео Хатате ја стави топката на белата креда. Батланд го одбрани неговиот удар, но одбиената топка се врати кај Јапонецот кој ги постави конечните 2:2.

Хартс по 29 рунди е лидер со 63 поени, шест повеќе од Ренџерс и осум од Селтик.

Share
Scroll to Top