Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје

пред 4 часа

Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Текстот Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top