(Видео) Мареј со 45 поени не дозволи пораз на Денвер од Јута

(Видео) Мареј со 45 поени не дозволи пораз на Денвер од Јута

пред 3 часа

Кошаркарите на Денвер, славеа победа над еден од најслабите тимови во лигата,Јута Џез со 128:125 во неизвесна завршница. Херој на триумфот беше Џамал Мареј, кој постигна дури 45 поени.

Нагетси успеаја да го одбијат нападот на десеткуваниот тим од Солт Лејк Сити, иако домаќините имаа шанса да го свртат резултатот во самиот финиш.

Клучниот момент се случи на 16,3 секунди пред крајот, кога на Никола Јокиќ му беше доседен шестиот фаул, но по долгата видео проверка, одлуката беше променета и ситуацијата беше окарактеризирана како блокада. Така, Јута остана без две слободни фрлања со кои можеше да поведе.

Јокиќ го заврши натпреварот со 22 поени и 12 скока, а на крајот беше прецизен од линијата за слободни фрлања, на 6,1 секунда пред крајот.

Во последниот напад, Кијонте Џорџ се обиде со шут за три поени, но не беше прецизен. Мареј беше незапирлив, особено во третата четвртина кога постигна 18 поени и погоди пет тројки, што ги доведе Нагетси до водство од 100:93 пред последните 12 минути.

Натпреварот го заврши со 13/19 шутеви од поле, со осум тројки, но и седум изгубени топки.

На другата страна, Џорџ, во својот втор натпревар по враќањето од повреда на зглобот, одигра брилијантно и постигна 36 поени со 14/22 шутеви од поле и четири тројки.

Share
Scroll to Top