Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс на домашен терен со 110:101, во рамките на НБА лигата.
Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ постигна 27 поени со 10 скока и седум асистенции со шут од поле 10/22.
Натпреварот беше изедначен до средината на последната четвртина, кога при резултат 100:98, Лејкерси направија серија од 8:0 и го решија победникот.
Покрај Дончиќ, кај Лејкерс се истакна и Леброн Џејмс со 21 поен со седум скока и асистенции.
Остин Ривс постигна 15 поени со осум скока, додека Деандре Ајтон имаше 13 поени со осум скока.
За Пеликанс, Зајон Вилијамсон имаше 24 поени и четири скока, по него следуваше Треј Марфи со 21 поен, осум скока и четири асистенции.
Лејкерси се на шестото место на Западната НБА лига со 37 победи и 24 порази, додека Пеликанс се на 13-то место со резултат од 19-44.
Резултати:
Шарлот – Далас 117:90
/Милер 17 – Вилијамс 18/
Кливленд – Детроит 113:109
/Тајсон 22 – Дурен 24/
Орландо – Вашингтон 126:109
/Банкеро 37 – Рајли 19/
Мајами – Бруклин 122:98
/Адебајо 23 – Клоуни 17/
Торонто – Њујорк 95:111
/Инграм 31 – Брансон 26/
Чикаго – Оклахома 108:116
/Секстон 20 – Мекејн 20/
Минесота – Мемфис 117:110
/Едвардс 41 – Велс 19/
Филаделфија – Сан Антонио 91:131
/Макси 21 – Харпер 22/
Сакраменто – Феникс 103:114
/Рејно 22 – Грин 20/






