(Фото) 10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје

(Фото) 10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје

пред 8 часа

Десет тони опасен и несоодветно складиран хемиски материјал е отстранет од простории на Институтот за јавно здравје, кој се наоѓа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Отпадот со години бил неправилно складиран, а станува збор за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, изјави дека отпадот е безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.

„Немавме упатство за управување со отпадот, но веднаш ги алармиравме институциите. За среќа избегнавме хаварија и го отстранивме. Очекувам одговорност“, рече Андоновска.

Според технологот Трајче Србиновски, кој бил дел од тимот ангажиран за отстранување на отпадот, во државата има многу вакви жаришта и опасноста од нив е многу голема.

„При увидот на локацијата беше констатирано прусуство на значителна количина на напуштен и несоодветно складиран хемиски материјал. Материјалот се наоѓаше во оштетени и расфрлани садови, делумно изложени на атмосферски влијанија што претставува потенцијален ризик за здравјето на луѓето и за животната средина. Дополнително, објектот беше во лоша конструктивна состојба со урнат кров и градежен шут што ја зголемуваше опасноста од ширење на контаминација и неконтролирано истекување на хемиски супстанци. Поради наведените ризици, беше неопходно преземање на итна интервенција за безбедно собирање, неутрализација и остстранување на опасниот материјал“, велат од ИЈЗ.

Текстот (Фото) 10 тони опасен хемиски отпад со години складиран во руиниран објект на Институтот за јавно здравје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top