(Видео) Валверде во 94-та минута спречи нов кикс на Реал

(Видео) Валверде во 94-та минута спречи нов кикс на Реал

пред 6 часа

Реал Мадрид победи во Виго, во првиот натпревар од 27-то коло во Примера. Нов кикс на Реал, спречи Валверде со голот во 94-та минута.

Пред две недели, Реал беше лидер во Ла Лига, со два бода повеќе од Барселона. Но, работите експресно се сменија. Реал загуби од Хетафе и претходно од Осасуна, што и овозможи на Барселона да стекне предност од четири бода.

Реал прв дојде до рпедност, во 11-та минута, по корнерот на Трент, Гулер ја врати топката во средината, на која налета Чуамени и со помош на стативата ја смести зад грбот на Раду.

Релативно бргу Селта се врати во натпреварот. Во 25-та минута, Сведберг лесно го доби дуелот со Трент, го проигра Борха Иглесијас, а 33-годишниот напаѓач на Селта лесно ја погоди мрежата на Куртоа.

Тимот од Виго имаше можност за целосен пресврт, во 45-та минута Сведберг имаше одлична шанса, но во оваа ситуација Тибо Куртоа покажа зошто е еден од најдобрите голмани во светот.

Реал во вториот дел, два пати бараше пенал, прво по стартот врз Гулер во 63-та минута, а потоа и во 72-та кога играч на Селта ја допре топката со рака, но пред тоа еден играч на Реал направи прекршок во противничкиот шеснаесетник.

Реал имаше голема среќа во 87-мата минута, ветеранот Аспас, кој наполни 38 години, шутираше од 17 метри и ја погоди стативата од голот на Реал.

Казната дојде во четвртата минута од судиското продолжение, Валверде, шутираше од 16 метри, имаше среќа, топката удри во Марос Алонсо, го смени правецот и заврши во голот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top