Дебаклот на Денвер на домашен терен, враќањето на Џејсон Тејтум по долгата пауза, брилијатниот пресврт на Сан Антонио и Лука Дончиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Њујорк Никс, во Денвер, ги декласираа Нагетс со 142:103. Покрај поразот, Денвер се загрижени за повредата на Џамал Мареј, кој го повреди зглобот на левата нога во првото полувреме. Дополнително ќе се утврдува степенот на повредата.
Единствен кој им се спротивстави на разграните Никси беше Никола Јокиќ. Србинот забележа 38 поени, осум скока и пет асистенции.
Во редовите на Њујорк се истакна О Џи Ануноби со 34 поени. Џош Харт постигна 18 поени, додека Карл-Ентони Таунс имаше 17 поени и 13 скока.
Џејсон Тејтум се врати по 10-месечната пауза, поради тешката повреда на Ахиловата тетива. Забележа 15 поени, 12 скокови и седум асистенции во победата на Бостон над Далас 120:100.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги победија Индијана Пејсерс со резултат од 128:117, во натпревар во кој „доминираше“ Лука Дончиќ.
Словенецот постигна 22 поени во првата четвртина, мечот го заврши со 44 поени, девет скока и пет асистенции.
Сан Антонио надополнија негатива 25 поени во третата четвртина и славеа над ЛА Клиперс со 116:112.
За Спарс ова беше 14-та победа на Спарси во последните 15 натпревари.
Најзаслужни за спектакуларната победа беа Вембањама со 27 поени, 10 скока и четири блокади, Жилиен Шампањ со 20 поени и Диерон Фокс со 19.
Во поразениот тим, Каваи Ленард го уфрли 30 поени (1/6 за три), а ветеранот Брук Лопез со 26.






