Гвардиола на принуден одмор

Гвардиола на принуден одмор

пред 1 ден

Пеп Гвардиола имаше ироничен коментар за суспензијата што ја доби по шестиот жолт картон во сезоната.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нема да го води својот тим во следните два натпревари, бидејќи го доби шестиот жолт картон во сезоната поради жесток приговор кон судијата, што автоматски значи суспензија.

Шпанскиот тренер реагираше бурно за време на натпреварот во Њукасл, сметајќи дека судијата требало да го санкционира фаулот на Киран Трипиер врз Џереми Доку. Тој беше казнет поради протест, а тоа беше неговиот шести жолт картон во тековната сезона.

И покрај ова, Сити успеа да стигне до четвртфиналето на ФА Купот, со забележителен настап на Омар Мармуш.

На конференцијата по натпреварот, Гвардиола иронично ја коментираше својата казна.

„Ќе ви кажам нешто, ние ги држиме сите рекорди во оваа земја, сите, и покрај сè.“ Шпанецот потоа на шега додаде дека сега има уште еден рекорд.

„Исто така, го имаме рекордот за тренер со најмногу жолти картони. Ги сакам сите рекорди и сега ги имам. Сега е суспензија од два натпревари и ќе бидам на одмор во следните два натпревари. Има работи што по 10 години сè уште не можам да ги разберам. Проверете го потегот“, рече Гвардиола, алудирајќи на дуелот.натпреварот помеѓу Трипие и Доку.

Поради казната, Гвардиола нема да биде на клупата за натпреварот на Сити во лигата против Вест Хем, како и во претстојниот четвртфинален натпревар од ФА Купот.

Сепак, суспензијата не важи за другите натпреварувања, па шпанскиот тренер ќе може да го предводи Сити во финалето на Лига Купот против Арсенал, кое е закажано за 22 март на стадионот Вембли.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top