„Дерби дела Мадонина“ му припадна на номиналниот домаќин, Милан. Црвено-црните го победија Интер со 1:0 и останаа во борбата за титулата. Милан ја продолжи успешната серија против градскиот ривал, ја забележа петтата последовна победа.
Пред големото дерби на италијанскиот фудбал, Интер имаше десет бода предност пред градскиот ривал Милан. Јасно беше дека со победа, Милан ќего фати последниот воз во шампионската трка. Токму тоа и се случи, по дербито Милан ја намали предноста на Интер на седум бода.
Многу работи беа решени во две минути од првото полувреме. Прво, во 34-та минута, Интер имаше колосална шанса, Мхитаријан долго време го влечеше нападот, ја контролираше топката брилијантно, потоа шутираше од 14 метри, Мењан одбрани во стил на ракометен голман, а потоа го направи тоа повторно кога Ерменецот шутираше од левата страна.
Следеше контранапад на Милан, кој заврши со гол, Фофана ја испрати топката до Еступињан, а Еквадорецот го совлада Зомер со силен и прецизен удар.
Како што се очекуваше, Интер ја презеде иницијативата по водството на Милан, а Димарко ја имаше најдобрата шанса за израмнување во 54-та минута, но топката отиде над голот по неговиот удар од 16 метри.
Милан потоа целосно ја затвори играта, Интер залудно напаѓаше.
И кога сите очекуваа крај, на сцена стапи судијата Довери. Неговиот свиреж прво се слушна кога Интер веќе изведе корнер и постигна гол, а потоа кога ниту тој ниту ВАР собата не се огласија по очигледната игра со рака од Ричи…
Ќе има многу контроверзии околу овие два детали во наредните денови.
Foto/ EPA






