Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 часа

Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста за време на СДС кога несигурноста беше секојдневие. Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, додаваат од оваа партија, неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност.

„Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти.

Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се преземат сите можни чекори“.

Опозицијата од друга страна, како што подвлекуваат, се служи со празни флоскули и се занимава со се освен со тоа што треба, но не е неочекувано затоа што од нивната пракса досега се гледа дека не им е јасно, ниту пак покажале дека знаат да се справат со криза.

„Пример лидерот на СДС, Венко Филипче, покажа и докажа дека не му е баш гајле за граѓаните, кога се обидуваше да профитира со вакцините против ковид и се обиде да врши набавка на истите преку компанија за јужно овошје по три пати поскапа цена, кога ги примора граѓаните да одат и да се вакцинираат во соседни земји, па правеше шоу на граница за 5.000 вакцини.

СДС беа последни во регионот што обезбедија заштита на народот“.

Текстот Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top