Жерновски, измеќарот на Заев и Филипче, е најмалку подобен да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Жерновски, измеќарот на Заев и Филипче, е најмалку подобен да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 часа

Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и Филипче – Андреј Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој човек, мкако што додаваат, без грам кредибилитет пред да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, треба прво сам да се погледне во огледало.

„Тој е истиот оној кој лажеше дека трибина од стадион кај и да е ќе падне, па еве 15 години по тоа уште стои. Како пред 15 години, така и денес – лаже. Истата шема, истите лаги, истите луѓе.

Жерновски е човек кој 30 години нема ништо направено добро за државата, а исто толку години е и во политиката. Прелетач од ЛДП во СДС, само затоа што така му нареди Зоран Заев. Затоа и денес жестоко го брани Филипче, затоа што така му има наредено Заев.

Во однос на предлогот за конзул на Душан Адамовиќ, доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Дополнително, споменатото лице ги исполнува сите критериуми за негово поставување за конзул.

До следната лага искажана од СДС, Жерновски или Филипче, ги потсетуваме дека се опозиција во Македонија, не во Србија“.

Текстот Жерновски, измеќарот на Заев и Филипче, е најмалку подобен да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top