Наташа Беквалац секогаш наоѓа начин да ја воодушеви својата лојална публика. Неодамна издаде албум насловен „Мама“, кој брзо ја воодушеви српската јавност.
Сега пејачката го привлече вниманието на јавноста – секако, со својот беспрекорен стајлинг. Таа објави компилација од фотографии на Инстаграм, а акцентот беше ставен на нејзината огнена, малку провокативна облека.
Беквалац носеше никогаш порано виден црвен фустан украсен со предимензионирани ракави – главниот детаљ на оваа минималистичка креација.
Својот стајлинг го надополни со црвени чевли, брановидна фризура и шминка во нежни тонови што ја истакнуваа нејзината убавина. Судејќи според описот на фотографијата, фустанот беше скроен по мерките на Наташа, а за него беше задолжена нејзината сестра Кристина Беквалац.
Коментарите од нејзините бројни обожаватели постојано пристигнуваа, а повеќето од нив ѝ кажаа едно – дека таа е, навистина, една од најубавите пејачки на српската сцена!






