Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од мерките за одржување на високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.
Во рамки на акцијата, што ја спроведуваат стручни екипи, се третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари.
Дератизацијата се спроведува два пати годишно, во пролет и во есен, како важна превентивна мерка за планско намалување на популацијата на штетници и заштита на јавното здравје.
„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик. Целта ни е зачувување на здрава и чиста животна средина“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Препаратот што се користи е селективен и сертифициран од овластен производител, специјално наменет за контрола на популацијата на глодари, соопшти општината.
Текстот Општина Центар започна со пролетна дератизација, се третираат 2.000 шахти против глодари е превземен од МАКФАКС.





