Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 1 степен, додека максималната дневна температура ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Според прогнозата, до крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време со постепен пораст на дневната температура.
За време на викендот се очекува посвежо време со услови за појава на слаби врнежи од дожд.
Текстот Пролетно време денес – сонце и температури до 20 степени е превземен од МАКФАКС.






