(Видео) „Марка“: Тудор го „уби“ својот голман – Кински го пцуеше тренерот додека го напушташе теренот

(Видео) „Марка“: Тудор го „уби“ својот голман – Кински го пцуеше тренерот додека го напушташе теренот

пред 3 часа

Игор Тудор, тренерот на Тотенхем, е жестоко критикуван од светската спортска јавност затоа што го замени голманот Антонин Кински (22) во 17-та минута од првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Атлетико победи со 5:2, а веќе по 15 минути водеше со 3:0. Од трите гола што ги прими Тотенхем, два беа по катастрофалните гречки на 22-годишниот голман.

Кински синоќа играше за прв пат во Лигата на шампионите. Тој објасни дека го сторил тоа затоа што првиот голман Гуљелмо Викарио се наоѓа во лоша форма.

Дека донел лоша одлука, кога решил во толку важен натпревар да стави на голот, голман, кој никогаш не бранел во Лигата на шампионите, Тудор покажа измената во 17-та минута, кога Кински во солзи замина од теренот.

Навивачите на Тотенхем и фудбалските фанови воопшто се шокирани што Тудор го замени голманот толку рано, а особено што не го поздрави ниту утешил за време на замената.

„Марка“ е исто така згрозена од однесувањето на Тудор кон својот голман.

„Човекот што почна со Кински беше истиот што подоцна го „уби“: Тудор“.

Текстот гласи: „Антонин Кински. Запомнете го ова име бидејќи веќе е историја на Лигата на шампионите.

Она што се случи за време на гостувањето на Тотенхем на „Метрополитано“ засекогаш ќе остане обележано од Кински, со неговите 17 минути на теренот и замената што зборуваат повеќе за неговиот тренер Игор Тудор отколку за самиот голман. Да не заборавиме, Кински има само 22 години и ова е само негова втора сезона на елитно ниво. Сепак, оваа сезона одигра само два натпревари пред да гостува во Атлетико.

Неговите две сериозни грешки што доведоа до голови го испратија на клупата. Ова беше на изненадување на сите негови соиграчи, публиката и голманот, кој пцуеше додека одеше кон свјот тренер Игор Тудор.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top