Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели

Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели

пред 3 часа

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп верува дека може да издржи краткорочен скок на цените на нафтата до околу четири недели пред тоа да предизвика сериозна политичка штета, пишува Политико, повикувајќи се на извор близок до Белата куќа.

Овој став се зацврстил откако цената на нафтата во вторникот паднала на околу 80 долари за барел, откако претходно достигна 120 долари.

Според изворите, администрацијата има три до четири недели да го „преброди“ растот на цените пред тој да стане сериозен политички проблем. Тие додаваат дека владата внимателно ги следи движењата на пазарот и дека политиката нема да ја темели на краткорочни флуктуации.

И покрај тоа, официјални лица признаваат дека биле изненадени од брзината и сериозноста на скокот на цените во неделата. Наместо промена на воената стратегија, Белата куќа се обидела да ги смири пазарите и да ги ублажи стравувањата од долгорочни нарушувања во снабдувањето со нафта.

Анкета на Универзитетот Квинипијак покажува дека повеќе од 70 проценти од американските гласачи се загрижени дека војната ќе предизвика раст на цените на нафтата и горивата.

Во меѓувреме, САД разгледуваат и можност за укинување на санкциите за руската нафта за да се ублажи притисокот на пазарот, додека постојат и стравувања дека Иран би можел да постави мини во Ормускиот Теснец, што дополнително би ја нарушило испораката на нафта.

Фото: Depositphotos

Текстот Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top