Грчкиот стручњак Василис Спанулис официјално го напушти Монако, потврди клубот од Кнежевството.
Спанулис ги пропушти последните два натпревари од националното првенство, што беше повеќе од јасен показател дека крајот е близу.
Набрзо пристигна потврдата од клубот за разделбата на двете страни, од генералниот менаџер Олексеј Јефимов.
Како и играчите, на Спанулис му доцнеше платата во втората година од неговиот тригодишен договор.
Василис Спанулис освои два трофеи со Монако оваа сезона – Суперкупот и Лидерс купот.
Гркот тимот го напушти во тежок момент, со седум порази во последните осум натпревари во Евролигата. Моментално имаат скор од 16-14.
Нов тренер ќе биде неговиот помошник и поранешен кошаркар кого Саша Обрадовиќ го донесе во тренерскиот штаб во 2021 година, Сергиј Гладир.
Украинецот е поранешен играч на Монако и долгогодишен член на клубот од 2015 година.
Го водеше тимот во последните два натпревари, против Шоле во првенството (89:79) и во вторник вечерта во Нантер (88:83), каде што Монако, и покрај бројните повреди и отсуства, се квалификуваше за финалето на Купот на Франција.
Foto/ depositphotos






