(Видео) Валверде го нокаутира Сити, трае бајката на Боде/Глимт, ПСЖ го растури Челзи

(Видео) Валверде го нокаутира Сити, трае бајката на Боде/Глимт, ПСЖ го растури Челзи

пред 3 часа

Реал Мадрид, предводен од својот капитен Федерико Валверде, го декласира Манчестер Сити, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. На „Бернабеу“, Валверде постигна три гола во првиот дел, за триумф 3:0. Во Париз, во спектакуларен меч, европскиот првак ПСЖ го победи Челзи со 5:2. На северет на Норвешка, Боде/Глимт со една нога зачекори во четвртфиналето, по победата над Спортинг Лисабон со 3:0.

Реал без Мбапе и уште шестмина играчи му нанесе тежок пораз на Манчестер Сити. Англискиот тим, во првиот дел ја чуваше топката, се обиде да го контролира ритамот, наместо тоа дозволи противникот од три опасни акции да постигне три гола.

Стрелец беше Валверде во 20-та, 27-та и 42-та минута.

Триумфот на Реал можеше да биде и поголем, доколку Винисисус го реализираше пеналот во 58-та минута.

Сити во текот на целиот меч имаше само една голема шанса, кога Куртоа брилијантно го одбрани ударот на О’Рајли.

Боде/Глимт уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност, сега со победата над Спортинг Лисабон.

Норвешката казнена експедиција веќе до полувремето ја најави големата победа и веројатно пласманот во четвртфиналето.

Фет од пенал во 32-та минута го постигна првиот гол, а на истекот на полувремето Бломберг ја дуплира предноста.

Точка на големата победа на Боде/Глимт стави Хег во 71-та минута.

Спектакуларен натпревар на „Паркот на принцовите“ одиграа ПСЖ и Челзи.

До 74-тата минута беше 2:2, а во тој момент малкумина можеа да го предвидат колапсот на Челзи, кое дојде под водство на двојниот стрелец Хвича Кваракелија.

Витиња погоди за предност на ПСЖ 3:2, во 74-та минута, а потоа Грузиецот ги нокаутира гостите со голови во 86-та и 94-та.

Претходно ПСЖ два пати водеше, а Челзи се враќаше во мечот. Баркола погоди за 1:0, изедначи Густо. Потоа Дмебле постигна гол за 2.1, а изедначи Енцо Фернандез.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top