Ѓоковиќ елиминиран од Дрејпер во осминафиналето

Ѓоковиќ елиминиран од Дрејпер во осминафиналето

пред 3 часа

Бранителот на титулата во Индијан Велс, Џек Дрекпер го победи Новак Ѓоковиќ во осминаниналето на турнирот.

14 години помладиот Британец, во спектакуларен меч, победи по нешто повеќе од два и пол часа, со 2-1 во сетови – 4:6, 6:4, 7:6.

Ѓоковиќ го одигра својот најдобар натпревар на турнирот, еден од најдобрите во сезоната, но Британецот покажа зошто е бранител на титулата во Индијан Велс.

Противник на Дрејпер во четвртфиналето ќе биде Даниил Медведев, кој рутински го победи Микелсен со 2-0 во нивниот натпревар од осминафиналето.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top