(Видео) Вила победи во Лил, без победник во италијанското дерби, Порто славеше во Штутгарт

(Видео) Вила победи во Лил, без победник во италијанското дерби, Порто славеше во Штутгарт

пред 3 часа

Во Лил, Астон Вила потврди дека е најсериозен кандидат за освојување на Лига Европа на УЕФА, бидејќи победи со 1:0 (0:0) со подобра игра во продолжението и доби предност во првиот натпревар од осминафиналето пред реваншот за седум дена во Бирмингем.

Лил изгледаше добро до примениот гол, а потоа се „распадна“ и имаше среќа што не доживеа поубедлив пораз.

Бруно Женезио и Унаи Емери одиграа шаховска партија во првите 45 минути. Натпреварот имаше добро темпо, но приоритет беа одбранбените задачи. Затоа немаше шанси, ударот на Перо во 42-та минута, кој го одбрани голманот Емилијано Мартинез, беше единствениот во рамките на голот.

Гостите од Бирмингем го зголемија пресингот во продолжението, но до 62-та минута, Лил го имаше нерешениот резултат.

А поѕоа се случи магија во режија на Оли Воткинс. Конса испрати долг пас, Буендија скокна над Манди, а потоа Оли Воткинс го лобуваше Озер со глава од 14 метри.

Онана потоа имаше шанса за Вила, ја погоди пречката од 17 метри. Тоа беше последната шанса на натпреварот.

Болоња продолжи со серија позитивни резултати против Рома, но 1:1 и дава надеж на „Волчицата“ поголема шанса во реваншот за седум дена.

Имаше многу борба на „Дал Ара“, дури и остри стартови, три сериозни шанси, но немаше голови во првиот дел.

Болоња поведе во 51-та минута, Бернардески остана сам на 15 метри од голот и го совлада Свилар со одлична дијагонала. Свилар спречи вторт гол на Болоња, кога во 60-та минута го запре Банега во ситуација „еден на еден“.

Рома откако се ослободи од притисокот на домаќините, изедначи во 71-та минута со голот на Пелегрини.

„Змејовите“ од Порто играат добро оваа сезона, што го покажаа во Штутгарт каде што, по голема борба, победија со 2:1. Ја наплатија својата доминација во првиот половина час на „МХП Арена“ со два гола. Мофи и Родриго Мора во 21-та и 26-та минута му донесоа убедлива предност на Порто. До крајот на полувремето, во 40-та минута Ундав ја намали предноста на гостите.

Панатинаикос направи вистински подвиг бидејќи, со играч помалку, го победи Бетис во Атина со 1:0 (0:0) со голот на Таборда од пенал во 87-та минута.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top