Исплатени се над 260 милиони денари кон над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
• 1.7. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети – 136.450.639,00 денари кон 276 корисници;
• 1.10. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети – 17.058.566,00 денари кон 354 корисници;
• 1.13. – Директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден материјал – 40.319.770,00 денари кон 8 корисници;
• 1.15. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури – 38.793.297,00 денари кон 16 корисници;
• 1.18. – Директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури – 9.774.800,00 денари кон 7 корисници;
• 2.17. – Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство – 21.446.792,00 денари кон 1.021 корисник.
фото/Depositphotos
Текстот Исплатени над 260 милиони денари поддршка за повеќе од 1.600 земјоделци е превземен од МАКФАКС.





