Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евр од тројца пензионери со приказна за итна операција

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евр од тројца пензионери со приказна за итна операција

пред 3 часа

Полицијата во Риека му одреди притвор на 63-годишен државјанин на Украина, осомничен дека измамил тројца постари граѓани убедувајќи ги дека на член од нивното семејство му е потребна итна и скапа операција. Откако ќе ја создадел заблудата, од нив преземал пари и накит, при што ги оштетил за речиси 100.000 евра.

Од Приморско-горанска полициска управа соопштија дека против него е спроведена криминалистичка истрага поради сомнение дека сторил три кривични дела измама. Полицијата претходно преку оперативно-комуникацискиот центар примила повеќе пријави од граѓани за телефонски повици во кои лажно им било кажувано дека на нивни блиски им е потребна итна и скапа медицинска операција.

Осомничениот ја искористил заблудата на постарите лица и во текот на март годинава на подрачјето на Риека од оштетените преземал пари и накит. Со тоа сторил измама на штета на тројца хрватски државјани на возраст од 79, 81 и 83 години.

Вкупната материјална штета се проценува на речиси 100.000 евра.

За време на истрагата, кај осомничениот бил пронајден дел од предметите поврзани со кривичното дело, односно дел од парите и накитот, информираа од полицијата.

Текстот Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евр од тројца пензионери со приказна за итна операција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top