Иран нападна италијанска воена база во Кувајт

Иран нападна италијанска воена база во Кувајт

пред 4 часа

Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани припадници на американската и италијанската армија утрово беше нападната од ирански дрон.

Беспилотното летало погоди магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили.

Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени војници.

– Нема никаков ризик ниту проблем за нашите војници. Кувајт е иранска воена мета поради присутноста на американски бази. Нема да не заплашат, ќе се придржуваме до преземените меѓународни обврски, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани.

Текстот Иран нападна италијанска воена база во Кувајт е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top