(Видео) „Петарда“ на Барселона и хет-трик на Рафиња

(Видео) „Петарда“ на Барселона и хет-трик на Рафиња

пред 4 часа

Фудбалерите на Барселона славеа победа над Севилја со 5:2, во 28-то коло. Барселона ја задржа предноста од четири бода во однос на Реал Мадрид. За прв пат по долго време, Барса оствари 14 последователни победи на домашен терен.

Барселона до 20-та минута водеше со 2:0. Двоен стрелец со удари од белата точка беше Рафиња. Уште еден гол во првиот дел за Барселона постигна Олмо, а во третата минута од надополнувањето на времето, Осо намали на 3:1.

Во првите 15 минути од вториот дел, Барселона постигна уште два гола. Најпрвин Рафиња го комплетираше хет-трикот, а потоа Кансело го постигна првито гол во сезоната. Конечните 5:2 ги постави Соу во 92-та минута.

На овој меч по долгата пауза, во тимот на Барселоан се врати Гави, кој ги одигра последните 10 минути.

Во следната рунда, Барса ќе се сретне со Рајо Ваљекано дома, а Севилја со Валенсија.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top