(Видео) Манчестер Јунајтед го доби најважниот натпревар во сезоната

(Видео) Манчестер Јунајтед го доби најважниот натпревар во сезоната

пред 5 часа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја победија Астон Вила со 3:1 (0:0) во 30-то коло од англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд го постигнаа првиот гол дури во 53-та минута, кога Касемиро постигна гол по асистенција од Бруно Фернандеш.

Предноста на домашните траеше само 11 минути, бидејќи Вила успеа да израмни во 64-та минута, а стрелец беше Рос Баркли.

Тој резултат беше активен до 81-та минута, а потоа Шешко ги постави конечните 3:1 за нова победа на Јунајтед, под водство на Мајкл Карик.

Со оваа победа, Јунајтед се искачи на третото место во табелата во Премиер лигата со 54 освоени бода, додека Вила е четврта со три бода помалку.

Во истиот термин се одиграа уште два натпревари. Дуелите Нотингем Форест-Фулам и Кристал Палас-Лидс завршија без голови.

Share
Scroll to Top