Собослај: Ако продолжиме вака ќе играме во Конференциската лига

Собослај: Ако продолжиме вака ќе играме во Конференциската лига

пред 4 часа

Унгарскиот играч од средниот ред Доминик Собослај постигна уште еден спектакуларен гол директно од слободен удар, но тој гол не беше доволен Ливерпул да го победи Тотенхем (1:1).

Ливерпул, против тимот што се уште нема победа оваа година, остана без планираните три бода во 90-та минута, кога лошата реакција на Робинсон ја искористи Ришарлисон.

„Мора да се разбудиме. Ако продолжиме вака, следната година ќе го прославиме пласманот во Конференциската лига“, ја изрази загриженоста Собослај додека зборуваше за „Скај Спортс“.

Ливерпул е на петтото место на табелата и има само еден бод повеќе од шестопласираниот Челзи, додека Брентфорд е седми со 44 бода, но и натпревар помалку.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top