го повлекоа барањето за азил – Иранките се враќаат во Техеран

го повлекоа барањето за азил – Иранките се враќаат во Техеран

пред 3 часа

Пет членки на женската фудбалска репрезентација на Иран ги повлекоа своите барања за азил и ја напуштија Австралија.

Ова е најновиот во низата пресврти за фудбалерките кои првично побараа заштита за време на Женскиот Азиски Куп.

Си-Ен-Ен, известува дека во Австралија останале само две Иранки со хуманитарни визи, откако имиграциските власти спроведоа низа процедури по елиминирањето на националниот тим од турнирот.

Жените аплицираа за азил, тврдејќи дека се плашат од прогон доколку се вратат во својата татковина.

Стравовите се зголемија уште повеќе откако фудбалерките одбија да ја пеат националната химна на Иран за време на првиот натпревар против Јужна Кореја. Овој потег предизвика силни реакции во Иран, вклучително и еден водител на државниот медиум кој ги нарече „воени предавници“.

За предавство законите на Иран предвидуваат смертна казна.

Две фудбалерки, Мона Хамуди и Захра Сарбали и членка на стручниот штаб, Захра Мешкекар, пристигнаа во Малезија во саботата, од каде што треба да го продолжат своето патување кон Техеран, објавија иранските државни медиуми, објавувајќи нивна заедничка фотографија.

Друга жена подоцна го повлече своето барање за азил.

Иранските државни медиуми јавуваат дека станува збор за капитенката на националниот тим, Захра Ганбари.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top