Чибишев за годишнината од пожарот во „Пулс“: Најтешките денови од мојата докторска кариера

Чибишев за годишнината од пожарот во „Пулс“: Најтешките денови од мојата докторска кариера

пред 3 часа

Денес се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера, напиша докторот Андон Чибишев.

Тој наведува дека На Универзитетската клиника за токсикологија биле хоспитализирани дваесетина тешки пациенти заради акутно труење со отровни гасови, а во периодот кој следел поминаа и голем број на пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.

„Со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клинката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства. Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската Клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација. Бог да ги прости сите кои ги изгубија животите. Господ да им даде сила на сите кои изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму. Никогаш повеќе да не се повтори“, напиша Чибишев.

Текстот Чибишев за годишнината од пожарот во „Пулс“: Најтешките денови од мојата докторска кариера е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top