Манчестер Јунајтед нема намера да ја промени својата одлука, што значи дека нема да му го продолжи договорот на Касемиро, и покрај неговите добри настапи во последно време, објавија британските медиуми.
Бразилскиот фудбалер (34) во јануари објави дека ќе го напушти клубот на крајот од неговиот договор вреден околу 350.000 фунти неделно.
„Иако имаше неколку значајни настапи оваа сезона, челниците на клубот одлучија да не му понудат нов договор на поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид“, објавува Би-Би-Си.
Ко-сопственикот на Јунајтед, Џим Ратклиф, претходно јавно изрази изненадување од годишната плата на Касемир од околу 18,2 милиони фунти и најави намалување на трошоците во клубот, што е една од причините за одлуката да не се активира опцијата за продолжување.
Клубот сакаше да донесе одлука порано за да може да продолжи со долгорочната реконструкција на тимот, а самиот Касемиро објави дека нема да добие нов договор за да се избегнат шпекулации пред крајот на сезоната.
Во меѓувреме, бразилскиот играч од средниот ред значително ја подобри својата форма. Во неделата, тој го постигна водечкиот гол во победата над Астон Вила, неговиот седми гол во сезоната, од кои шест беа со глава.
Foto/ depositphotos






