Ѓорѓиевски на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево

Ѓорѓиевски на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево

пред 4 часа

Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење.

Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, место низ кое поминале бројни генерации ученици кои таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства.

Градоначалникот потсети дека во периодот кога ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода, биле реализирани значајни инвестиции токму во ова училиште, како и во сите училишта на територијата на општината. Во тој период биле реконструирани и модернизирани училници, доградени нови простории, поставени фотоволтаични системи, како и обезбедени бесплатни ранци и училиштен прибор за секое прваче. Дополнително, биле воведени смарт уреди и пречистувачи на воздух, со цел создавање подобри услови за учениците и наставниот кадар.

Тој нагласи дека со истата посветеност продолжува и во својата сегашна функција како градоначалник на Град Скопје, најавувајќи нов инвестициски циклус насочен кон сите средни училишта, кој ќе овозможи современи услови за образование преку воведување дигитална опрема и одржливи енергетски решенија.

На крајот, беа упатени честитки до сите ученици, наставници и вработени, како и до сите кои се дел од приказната на ООУ „Кузман Шапкарев“, со порака дека тие се срцето и најголемата вредност на училиштето и двигател на неговиот понатамошен развој.

Текстот Ѓорѓиевски на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top