Поддршката за украинскиот претседател Володимир Зеленски се зголеми од 53% во февруари на 62% во март, според анкета објавена од Меѓународниот институт за социологија во Киев.
Анкетата е спроведена од 1 до 8 март. Според анкетата, 32% од Украинците не го одобруваат работењето на Зеленски. Претходно, поддршката падна од 61% во јануари на 53% во февруари.
Во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, Зеленски доживеа силен пораст на популарноста, од 37% на дури 90%.
Оттогаш, поддршката варира. На пример, во мај минатата година, таа достигна 74% откако Зеленски ги бранеше интересите на Украина во контекст на притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп Киев да се согласи на отстапки.
Текстот Поддршката за Зеленски се зголеми, покажуваат новите анкети е превземен од МАКФАКС.






