„Економист“ со сатирична насловна за Трамп: „Операција Слеп гнев“

„Економист“ со сатирична насловна за Трамп: „Операција Слеп гнев“

пред 3 часа

„Економист“ во новото издание ја коментира војната меѓу САД и Иран со сатирична насловна, на која Доналд Трамп е прикажан со воена кацига што му паѓа преку очите. Насловот „Операција Слеп гнев“ алудира на официјалното име на операцијата „Епски гнев“.

Во текстот се наведува дека иако Трамп често успева да им пркоси на политичките правила, војната со Иран може сериозно да влијае врз неговата политичка иднина. Се оценува дека дури и краток конфликт би го променил текот на неговиот мандат, додека долготрајна војна би можела да го ослаби.

Според „Економист“, конфликтот ја поткопува способноста на Трамп да ја контролира политичката нарација, влијанието врз јавноста и доминацијата во Републиканската партија.

Весникот, основан во 1843 година, е познат по аналитички пристап и по тоа што текстовите ги објавува без потпис на авторите.

Текстот „Економист“ со сатирична насловна за Трамп: „Операција Слеп гнев“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top