(Видео) Рони О’Саливен го забележа најголемиот брејк во историјата – 153

(Видео) Рони О’Саливен го забележа најголемиот брејк во историјата – 153

пред 4 часа

Рони О’Саливен, живата легенда на снукерот, сруши уште еден неверојатен рекорд.

О’Саливен испиша уште една страница во историјата на снукерот со постигнување на најголемиот брејк во историјата на професионалниот снукер, 153 поени, на Јушан Опен.

Седумкратниот светски шампион постави нов рекорд во првиот фрејм од четвртфиналниот натпревар против Рајан Деј, отворајќи го патот до убедлива победа од 5:0.

Претходниот рекорд за најголем професионален брејк, 148 поени, го постави Џејми Барнет во квалификациите за првенството на Велика Британија во 2004 година.

„Само сакам да им се заблагодарам на сите што ми испратија порака и ми честитаа за 153“, рече О’Саливен во видео објавено на Твитер.

Максималниот брејк во снукерот е 147 поени и се постигнува во еден фрејм со вметнување на сите 15 црвени топки заедно со 15 црни, проследени со сите обоени топки по ред.

Сепак, највисокиот можен брејк е 155 поени. Може да се достигне кога играчот ќе добие слободна топка, ќе ја уфрли како дополнителна црвена, во случајов по неуспешниот обид на Деј, тој ја уфрли зелената топка и го започна фрејнот со 8:0. Потоа тоа тој фрли 15 црвени, 13 црни и 2 розови топки за рекордни 153.

Иако ова никогаш не е постигнато на професионален турнир, „Ворлд Снукер“, наведува дека „повеќе играчи постигнале 155 на натпревари за вежбање“.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top