Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, истакнуваат во соопштението.
Очекуваат како што велат, надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и прописите на државата.
„Секое прекршување на законите, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано, и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност.
Нагласуваме дека никој не е над законот и дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата. За разлика од претходно кога СДС и ДУИ беа на власт и ги штитеа своите високи владини и партиски функционери, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата, позицијата или политичката припадност.
Повеќе нема привилегирани и заштитени, ќе одговара секој, без исклучок“.
Ги охрабруваме земјоделците, велат од министерството, доколку во иднина се соочат со вакви работи, веднаш да пријават.
„Институциите функционираат и така ќе продолжат во иднина, транспарентно и одговорно во интерес на граѓаните и земјоделците се со цел заштитата на правниот поредок и владеењето на правото“.
Текстот МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара е превземен од МАКФАКС.





