Велика Британија ја прошири дозволата на САД за користење воени бази во конфликтот со Иран

Велика Британија ја прошири дозволата на САД за користење воени бази во конфликтот со Иран

пред 4 часа

Лондон ја проширува соработката со Вашингтон со цел заштита на пловидбата, но нагласува дека нема директно да учествува во воени напади

Велика Британија одобри користење на своите бази од страна на Соединетите Американски Држави за извршување напади врз ирански локации во Ормускиот теснец.

Даунинг стрит претходно им дозволи на американските сили да ги користат британските бази за операции за спречување на Иран да испука ракети што би ги загрозиле британските интереси или животи. Сепак, министрите се согласија на денешниот состанок дека американската употреба на британските бази сега може да се прошири за заштита на бродовите во Ормускиот теснец, објавува Би-Би-Си. Британската влада објави дека ќе продолжи да не биде директно вклучена во нападите и дека „принципите зад британскиот пристап кон конфликтот остануваат исти“.

Портпарол на Даунинг стрит изјави дека министрите денес се согласиле дека базите сега можат да се користат за „операции за одбрана на САД“ насочени кон „способности што се користат за напад врз бродови во Ормускиот теснец“, според написите во медиумите.

„Министрите ја нагласија потребата од итна деескалација и брзо решавање на војната“, рече портпаролот на британската влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денес ги нарече партнерите од НАТО „кукавици“ затоа што не се приклучија директно во операциите за обезбедување на Ормускиот теснец.

Британскиот премиер Кир Стармер им дозволи на САД да ги користат британските бази во регионот за одбранбени операции неколку дена по почетокот на војната на 28 февруари, кога Иран почна да лансира ракети и беспилотни летала низ Блискиот Исток, особено оние низ Персискиот Залив.

Според тој договор, вооружените сили на САД би можеле да ги користат базите за таргетирање на ирански ракети и ракетни објекти, пренесува Танјуг.

Текстот Велика Британија ја прошири дозволата на САД за користење воени бази во конфликтот со Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top