Зеленски: Путин има корист од долга војна на Блискиот исток

Зеленски: Путин има корист од долга војна на Блискиот исток

пред 4 часа

Рускиот претседател Владимир Путин би имал корист од продолжување на конфликтот на Блискиот исток, оценува украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во интервју за Би-би-си, Зеленски истакна дека кризата меѓу САД, Израел и Иран ја ослабува способноста на Америка да се фокусира на Украина, што Русија го користи во своја полза.

Зеленски посочи дека одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за 30-дневно изземање на земјите од забраната за купување санкционирана руска нафта и деривати, донесена со цел да се ублажи растот на цените на енергенсите поради ескалацијата на конфликтот, директно ја користи Москва.

„Путин се надева на долгата војна. Долгата војна на Блискиот исток му е плус. Покрај тоа што влијае на цените на енергенсите, тоа значи и исцрпување на американските резерви и производители на противвоздушна одбрана – односно трошење на ресурси. Путин сака тие ресурси да не одат во Украина, против која ја насочи својата војска“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер истакна дека Москва користи секој конфликт за да ја ослаби Украина и да го продолжи војниот процес. „Блискиот исток е еден од начините да се постигне тоа“, заклучи Зеленски.

Текстот Зеленски: Путин има корист од долга војна на Блискиот исток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top