(Видео) Страшен судир: Велосипедистка прелета преку оградата

(Видео) Страшен судир: Велосипедистка прелета преку оградата

пред 5 часа

Гледачите на женската велосипедска трка од Милано до Сан Ремо беа сведоци на морничава сцена.

Во центарот на инцидентот беше 27-годишната Дебора Силвестри, која беше вклучена во сериозен судир со неколку натпреварувачки. Сè се случи на 20 километри до целта.

Дебора помина најлошо, по контактот, таа излета од патеката, прелета преку заштитната ограда и падна на патот под ѕидот каде што се наоѓаше банкината.

Стануваше збор за пад од висина од неколку метри, по што италијанската велосипедистка остана неподвижна. Таа беше итно префрлена во болница за понатамошна медицинска помош.

За среќа, подоцна се освести и моментално се опоравува во болница, но нејзината сезона е завршена.

Share
Scroll to Top