(Видео) Либанскиот претседател: Рушењето на мостовите од страна на Израел може да биде подготовка за копнена инвазија

(Видео) Либанскиот претседател: Рушењето на мостовите од страна на Израел може да биде подготовка за копнена инвазија

пред 3 часа

Израел денеска изврши напади врз сообраќајната инфраструктура низ Либан, при што беше уништен и мостот Ал-Касмије на автопатот во јужниот дел од земјата.

Либанскиот претседател, Џозеф Аун, ги осуди нападите, велејќи дека тоа е „вовед за копнена инвазија“.

„Нападот врз мостовите на реката Литани, витална артерија за цивилите, е обид за прекинување на географската врска меѓу јужниот регион Литани и остатокот од Либан. Тоа е дел од план за воспоставување тампон-зона, зацврстување на окупацијата и напредување на израелската експанзија на либанска територија“, изјави Аун.

Тој додаде дека станува збор за „опасна ескалација“ и „флагрантно кршење на либанскиот суверенитет“.

Либанскиот претседател ја повика меѓународната заедница, особено Обединетите нации, итно да преземе мерки за да го одврати Израел од понатамошни напади.

Текстот (Видео) Либанскиот претседател: Рушењето на мостовите од страна на Израел може да биде подготовка за копнена инвазија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top