(Видео) Нов кикс на Интер, освои само бод во Фиренца

(Видео) Нов кикс на Интер, освои само бод во Фиренца

пред 3 часа

Фудбалерите на Фиорентина му зададоа уште еден удар на Интер во борбата за Скудетото, бидејќи извлекоа бод во натпреварот од 30-тото коло од Серија А.

Фиорентина и Интер ремизираа 1:1 во Фиренца.

Овој бод е исклучително важен за „Виола“ во борбата за опстанок, бидејќи сега имаат два бода повеќе од Лече, кој е во зоната за испаѓање, додека Интер сериозно почна да се мачи, останаа без победа трет натпревар по ред и сега се „само“ +6 пред второпласираниот Милан.

Не изгледаше дека Фиорентина ќе освои бод, бидејќи Интер поведе во првата минута со голот на Еспозито и ја имаше предноста се до 77-та минута.

Тогаш за гостите пристигна студен туш преку Ндур за 1:1, а до крајот на натпреварот гостите не успеаја да освојат три бода.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top