Дидие Дешан ќе ја напушти функцијата селектор на француската репрезентација за неколку месеци, а името на неговиот наследник е веќе познато, според откритијата на весникот „Паризиен“.
Дешан го потврди ова оваа недела кога го објави списокот за претстојните натпревари на „Триколорите“, за неколку месеци тој повеќе нема да биде селектор на Франција.
Името на наследникот на Дешан, Француската фудбалска асоцијација се обидува засега сè да го чува во тајност, за да не го ремети митор во тимот пред следните предизвици и да отвори дополнителни дискусии.
Сепак, според „Паризиен“, нема дилема дека Зинедин Зидан ќе го наследи Дидие Дешан. Иако сè уште ништо официјално не е потпишано, преговорите се водат веќе неколку недели, а постигнат е и устен договор за идна соработка.
Доаѓањето е практично веќе договорено, а потпишување на договорот би можело да се случи дури и пред Светското првенство.
Сепак, парискиот весник наведува дека главното барање на Зидан е да има значително поголем персонал од Дешан, кој работел со долгогодишни соработници во релативно тесен круг.
Foto/ Depositphotos






