Туск: Литванија уште во 2019 предупредила дека Унгарија е безбедносен ризик за НАТО и ЕУ

Туск: Литванија уште во 2019 предупредила дека Унгарија е безбедносен ризик за НАТО и ЕУ

пред 4 часа

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Литванија уште во 2019 година предупредила дека унгарски претставници претставуваат безбедносен ризик за ЕУ и НАТО, по извештаите дека Будимпешта пренесувала доверливи информации кон Русија.

Тој рече дека подолго време постојат информации за протекување податоци од затворени состаноци на ЕУ и сомнежи дека се споделуваат и информации од НАТО. Според него, Литванија дури побарала исклучување на унгарската делегација од состанок на Алијансата поради сомнежи дека ќе пренесе доверливи информации во Москва.

Според „Вашингтон пост“, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го информирал рускиот министер Сергеј Лавров за време на паузи на состаноци на ЕУ.

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис изјави дека постоеле обиди унгарски претставници да не се вклучуваат на чувствителни состаноци, особено пред самитот на НАТО во Вилнус.

НАТО соопшти дека не коментира изјави на поединечни сојузници.

Текстот Туск: Литванија уште во 2019 предупредила дека Унгарија е безбедносен ризик за НАТО и ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top