Македонија во Копенхаген брка пласман во плејоф финалето

Македонија во Копенхаген брка пласман во плејоф финалето

пред 4 часа

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство. Македонија, со новиот селектор Гоце Седолски, гостува во Данска.

Вечерва на програмата се полуфиналните баражи за пласман на Мундијалот. Македонија е една од 16-те селекции, кои бркаат мундијалска виза. Од овие баражи четири селекции ќе се пласираат на фудбалската смотра во САД, Мексико и Канада (11 јуни -19 јули).

Македонија, низ историјата има идентичен скор со фаворизираната Данска. Двете селекции имаат по една победа, првиот меѓусебен дуел заврши нерешено.

Дуелот на „Паркен“ стадионот во Копенхаген започнува во 20.45 часот.

Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

Share
Scroll to Top