Работни групи на Фондот на ПИОМ и на институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Австрија – Институција за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и Рударска индустрија (BVAEB), ја одржаа втората работна средба за подготовка и усогласување на Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност.
На состанокот се разговараше и се усогласуваа начините на размената на податоците и правната рамка, како и техничките детали за идната електронска размена на податоците.
Двете страни очекуваат Договорот да овозможи поефикасна размена на податоците, со што ќе се забрза процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија.
Подготовката и потпишувањето на Договорот се дел од активностите на Фондот на ПИОСМ за унапредување на соработката со странските фондови и институции, во насока на зголемување на ефикасноста во остварувањето на правата од пензиско и инвалидско осигурување преку електронската размена на податоци.
Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност би требало да биде потпишан на средбата на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија којашто ќе се одржи во Марибор, Република Словенија во јуни оваа година.
Текстот Фондот на ПИОМ подготвува Договор за електронска размена на податоци со институциите за задолжително пензиско осигурување од Австрија е превземен од МАКФАКС.





