Полицијата уапси возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила.
Според информациите на МВР, вчера во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје.
Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.
„При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Текстот Уапсен возач во Скопје, возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила е превземен од МАКФАКС.





